Македонски Телеком промовира најбрз интернет во регионот

Bez autora
Oct 28 2013

Македонски Телеком во понеделникот ја промовираше услугата Optic Giga, со која корисниците за прв пат добиваат интернет брзина до еден гигабит во секунда, што е прв случај во регионот. Од компанијата појаснуваат дека со оваа услуга, преземањето на податоци од интернет е до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок. На пример, наместо за дваесет минути, како до сега, видео содржина може да се преземе за помалку од една минута, појасни Димитар Ковачевски, директор за комуникации во Македонски Телеком. Со услугата Optic Giga, Македонија станува прва земја во регионот и една од малкуте земји во светот кои имаат еден гигабит во секунда интернет брзина за приватни корисници.

Македонски Телеком промовира најбрз интернет во регионотМакедонски Телеком во понеделникот ја промовираше услугата Optic Giga, со која корисниците за прв пат добиваат интернет брзина до еден гигабит во секунда, што е прв случај во регионот.

Од компанијата појаснуваат дека со оваа услуга, преземањето на податоци од интернет е до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок.

На пример, наместо за дваесет минути, како до сега, видео содржина може да се преземе за помалку од една минута, појасни Димитар Ковачевски, директор за комуникации во Македонски Телеком.

Со услугата Optic Giga, Македонија станува прва земја во регионот и една од малкуте земји во светот кои имаат еден гигабит во секунда интернет брзина за приватни корисници.

Услугата Optic Giga е обезбедена преку новата мрежа базирана на оптика до домот, во која досега се инвестирани над 25 милиони евра.

Истовремено Македонски телеком стартува и со Интернет промо – промоција на два месеци бесплатен интернет, односно корисниците добиваат два месеци бесплатен интернет пристап, без склучување договор и без никакви обврски.

По истекот на промотивниот периодот, доколку се задоволни од услугата, можат да се претплатат на некој од редовните пакети кој најмногу одговара на нивните потреби, а доколку одлучат да не ја користат понатаму, ќе биде деактивирана автоматски, без никаков надомест.

Покрај ова, компанијата воведува и нови пакети Интернет по потреба, наменети за оние корисници кои имаат потреба од интернет, но не им треба во текот на целиот месец.

Услугата се активира веднаш, без инсталација на дополнителна опрема и без склучување на договор.

Ова е прва услуга од овој вид, со која корисник кој нема интернет пристап може дома да се поврзе на широкопојасен интернет буквално веднаш кога ќе му затреба, без инсталација на дополнителна опрема и без склучување договор, а плаќа само за деновите во кои му треба.

Отсега и секој што е корисник на T-Home а нема интернет, ќе може да ги активира новите пакети Интернет по потреба преку интернет страната за активација. На истата страна корисниците ќе можат да ја прегледаат или платат сметкта, да закажат снимање на MaxTV, и да дополнат кредит на мобилен телефон.

Оваа услуга ќе се наплаќа по цена од 99 денари за три дена, 199 денари за пакет од седум дена, додека цената за месечниот пакет ќе биде дополнително објавена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik